четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Клековски: ВМРО-ДПМНЕ е носител на сите клучни реформи и воспоставување на главни механизми за транспарентност во државата

Клековски: ВМРО-ДПМНЕ е носител на сите клучни реформи и воспоставување на главни механизми за транспарентност во државата

Ниско ниво исполнување на принципите на добро владеење во општините, значителни напори се потребни во страна на локалните самоуправи во Полошкиот плански регион и во Скопскиот плански регион за подобрување и има уште многу вакви примери. Значи ова не е прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ туку Извештај од Фондацијата Метармофозис финансирана од УСАИД проектот за Граѓанско учество, вели членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Клековски на денешната панел дискусија „Европски практики во локалните самоуправи“ по повод 100 дена локална власт.

Клековски додаде дека проблемите затекнати не се бидејќи ВМРО-ДПМНЕ сака да ги критикува претходните градоначалници од СДСМ, туку дека тие критики се констатирани од страна на независни извештаи и експерти, посочувајќи дека тоа е само еден фактор што има промена во однос на локалната власт.

Проблемите затекнати не се резултат на сега дојде ВМРО-ДПМНЕ па плукај по претходните, тие се констатирани од независни извештаи и експерти и предизвикот е голем. Посебно проблемите се во Полог и во Скопје и објаснуваат зошто имавме таква голема промена во Тетово и во Скопје, дека тие лоши резултати во граѓанското учество и доброто владеење беа еден од клучните фактори што ја соборија власта во овие поголеми урбани центри, вели членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Клековски на денешната панел дискусија „Европски практики во локалните самоуправи“ по повод 100 дена локална власт, смета тој.

Клековски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се носители на сите клучни реформи во државата во однос на воспоставување на главните механизми за транспарентност.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата беа носители на сите клучни реформи во оваа држава. ВМРО-ДПМНЕ ги постави главните механизми за транспарентност, тоа се Е-набавки во Бирото за јавни набавки каде што може секоја јавна набавка да се провери, тоа е централниот регистар каде што може да се провери сопственоста и финансиите на тие трговски друштва, и Катастарот каде што може да се провери сопственоста на сите имоти во земјата, рече Клековски.

Едно од најголемите постигнувања на граѓанското општество било кога во историјата на Македонија, а тоа е донесувањето на Стратегијата за животна средина, законот за животна средина, основањето на министерството за животна средина во 1998 година е во време на влада на ВМРО-ДПМНЕ, истакна Клековски.

Најнови вести