среда, 13. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Откриен „виновникот“ поради кој Скопје остана без струја

Откриен „виновникот“ поради кој Скопје остана без струја

“Дефектот предизвикан токму на далноводот кој се наоѓа зад мене, без струја остави повеќе од половина Скопје. Надлежните велат дека причина не бил човечкиот фактор, а граѓаните кажуваат со што се соочиле во периодот кога немале струја”, изјави новинарот на Алсат Мефаил Исмаили.

Некои, освен што снемале струја, останале и без греење.

“Немаше ништо, немаше греење, немаше енергија, ништо… Не во тој период немаше интернет… се случува, но во 21 век тоа не е дозволено“, рече граѓанин.

Од Центарот за управување со кризи известуваат дека добиле голем број јавувања од граѓани.

„Во ЦУК на број 112 се јавија околу 150 граѓани кои пријавија два пожара, едниот кај местото Пинтија, другиот во индустриската зона во населба Петровец. Имаше неколку повици од граѓани кои биле блокирани во лифтови, а останатите повици беа од граѓани за да се информираат што се случува и за колку време струјата ќе се врати“, изјават од Центар за управување со кризи

Од државната енергетска компанија МЕПСО во чија надлежност е преносот на струјата, наведуваат дека според првичните информации, дефектот го предизвикал изолатор на далноводот Бунарџик – Скопје 4, во трафостаницата. Човечкиот фактор не бил причина.

„Изгорен е изолатор на високонапонски далновод, поради што била запалена и тревата и вегетацијата под далноводот на местото каде настанал дефектот, но и во близина на трафостаницата во населбата Пинтија. Заштитните системи реагирале навреме со исклучување на далноводите и трансформаторите во трафостаницата за да се спречи уште поголема штета“, рече Орхан Муртезани, Директор на МЕПСО

Од МВР велат дека случајот е пријавен во полиција која во соработка со МЕПСО работи на расветлување на причините. Синоќа повеќе од еден час без струја останаа делови на Скопје, Велес и регионот на Овче Поле.

извор: alsat-m

Најнови вести