среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Тешко ви е да речете “не знам“? Тоа многу кажува за вас!

Тешко ви е да речете “не знам“? Тоа многу кажува за вас!

Паметните луѓе се одликуваат со карактеристики како љубопитност, добра смисла за хумор, флексибилност и отвореност кон нови знаења.

Покрај тоа, имаат едно нешто заедничко што ги издвојува од просечните луѓе, а тоа е дека ќе кажат „не знам“ без никаков проблем доколку навистина се најдат во ситуација или проблем што не знаат да го решат.

Истражувачите Џастин Кругер и Дејвид Данинг објавиле истражување под наслов „Неквалификувани и несвесни за тоа: Како тешкотиите во препознавањето на сопствената неспособност водат до повисоко самооценување“, кое покажало дека помалку интелигентните луѓе ги преценуваат своите знаења и когнитивните вештини.

Истражувачите велат дека луѓето што ги преценуваат своите способност и вештини се соочуваат со два проблема – донесуваат одлуки врз основа на лажни тврдења и немаат способност да сфатат што прават погрешно.

Ако знаете да кажете НЕ ЗНАМ, вие сте всушност паметна личност! Ако ви е тепко да го изговорите ова, тогаш не сте толку паметни како што мислите за себе.