сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ВИДЕО: Адриана Лима бремена по третпат, манекенката со урнебесно видео ја објави радосната вест

ВИДЕО: Адриана Лима бремена по третпат, манекенката со урнебесно видео ја објави радосната вест

Адриана Лима позната како ангелот на Викторија и супермодел, на својот ТикТок профил објави интересно видео со кое откри дека е бремена.

Таа го чека своето трето дете, прво со филмскиот продуцент Андре Лемерс со кого првпат се појави во јавноста во септември 2021 година.

Лима (40) во видеото прикажува низа ситуации во кои Андре ја плаши, и додава дека е време на одмазда. Во тој момент му го покажува позитивниот тест за бременост.

Адриана од бракот со српскиот кошаркар Марко Јариќ, со кого се разведе во 2014 година, има две ќерки.

@adrianalima #firstiktok #baby #surprise ♬ (Your Love Keeps Lifting Me) Higher & Higher – Jackie Wilson

Најнови вести