Вечерва во црквата Свети Доминик во Сплит се одржа венчавката на пејачот Петар Граш и ќерката на Тончи Хуљиќ, Хана Хуљиќ.
Младенците и гостите дојдоа на местото каде Петар и Хана се заколнаа на вечна љубов, а посебно внимание привлекоа кумовите на познатиот пејач.
По церемонијата, Петар и Хана излегле пред црквата, на лицето на невестата блеснала насмевка, а се гледал и нејзиниот труднички стомак. Петар само накратко искоментира дека по венчавката се чувствува како маж. Грашо на свадбата имал 2 кумови, а двајцата се сликале пред споменатиот настан и предизвикале лавина позитивни коментари на мрежите, а нивната разлика во висината била во центарот на вниманието.
Еден од кумовите на свадбата бил кошаркарот Дино Раѓа, кој освои 2 олимписки медали, повеќекратен клупски шампион на Европа и успешен НБА играч, инаку висок 2 метри и 11 сантиметри. Од друга страна, кум на Грашо бил и готвачот Томаж Кавчиќ.