вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Протест на кандидатите за полагање испит за директори во училиштата

Протест на кандидатите за полагање испит за директори во училиштата

Кандидатите за директори во образовни установи денес напладне ќе протестираат пред Државниот испитен центар. Се жалат дека иако уплатиле пари, веќе неколку месеци чекаат за обука и полагање испит за директори на училишта и ученички домови.

Од Државниот испитен центар велат дека постапуваат согласно законот и обуките и испитите за директори се спроведуваат редовно. Последниот испит бил организиран во декември, а следната обука би требало да започне во март.

Инаку, обуките чинат околу 500 евра и доколку не се спроведат во најкус рок кандидатите ќе се жалат и кај народниот правобранител и на меѓународната заедница.

Најнови вести