Најпрво почнала говорната литература во смисол на песни кои се викале копус. Со писмениот говор се почнува во шестиот век. Установено е дека потекнува на Турците, и тие се најдени во Монголија кај планината Урал, тие се најдени таму, вели Махмут Челик, универзитетски професор на Катедрата за турски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитетот Гоце Делчев во Штип, на денешната трибина насловена „Мајчиниот јазик е идентитет“ во организација на Републичката комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ, говорејќи за влијанието на турскиот јазик во однос на албанскиот и македонскиот во државата.
Со оглед на тоа што живеат три националности во овој град би сакал да се осврнам на тоа кон влијанијата на едниот кон другиот јазик и од другиот кон третиот и обратно, има големо влијание на овие јазици едните кон другите, вели Челик.
Според професорот Челик македонскиот и албанскиот јазик имаа мошне големо влијание во однос на турскиот јазик посочувајќи дека и трите јазици имаат голем број на заеднички зборови.
Во Тиранскиот универзитет согласно едно истражување, еден лингвист вели дека во лексиката синтаксата на албанскиот јазик има мошне големо влијание, смета Челик.
Има големо влијание на албанскиот јазик и македонскиот јазик на турскиот, има мошне голем број на заеднички зборови, додаде тој.