среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Костовски: Заедно со ЈП Водовод и Канализација во најбрзо време саниравме голем уличен дефект на водоводната мрежа на улица Рудо

Костовски: Заедно со ЈП Водовод и Канализација во најбрзо време саниравме голем уличен дефект на водоводната мрежа на улица Рудо

Денес заедно со ЈП Водовод и Канализација, од пунктот во Општина Бутел, во најбрзо време саниравме голем уличен дефект на водоводната мрежа ф-150 mm на улица Рудо, информираше преку својата Фејсбук страница градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски.

Изминатиот викенд исто така на неколку позиции во Општина Бутел каде што беше пријавен дефект навремено беа санирани и во целост поправени дефектите во водоводната мрежа.
Се координираме со јавните претпријатија за навремено да ги решаваме проблемите на терен.

Продолжуваме активно со работа во служба на граѓаните на Општина Бутел!, пишува Костовски во својата објава.