петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Здравковски: Ние како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ бараме скалесто покачување на платите, односно покачувањето да важи еднакво за сите

Здравковски: Ние како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ бараме скалесто покачување на платите, односно покачувањето да важи еднакво за сите

Зголемувањето на минималната плата наместо да биде економска мерка за стабилизација на приходите на сите граѓани и усогласување со растот на трошоците за живот, стана социјална мерка за популизам која ќе донесе многу негативни последици, ова денеска преку изјава од собраниската говорница го истакна Игор Здравковски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ние како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ бараме скалесто покачување на платите според коефициентот на сложеност на работа и соодветното образование, односно покачувањето да важи еднакво за сите. Со овој начин, овој закон ги регулира платите на само 13% од вработените, а останатите 87% воопшто нема да добијат покачување. Најлоша е урамниловката која ќе се случи, или пластично да објаснам, мајстор со ротцангла во рака кој е дежурен од понеделник до сабота и работи на отстранување на дефекти, ќе зема иста плата со портир кој има помал обем и сложеност на работа. Кафекувар со долгогодишно работно искуство, ќе има иста (можеби и повисока) плата од економист во јавно претпријатие со помало работно искуство. Сето ова ќе влијае на демотивација, ќе влијае на зголемување на бројот на вработени на половина работно време и на зголемување на сивата економија, вели Здравковски.

Тој додава дека доколку се грижеа СДС и ДУИ за вистинско зголемување на стандардот на граѓаните, ќе го прифатеа нашиот амандман кој што пред се е правичен и праведен кон работниците.

Најнови вести