недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Трагедија која сака да ја заборави, но не може – српскиот пејач само еднаш во медиумите зборувал за тој црн ден и никогаш повеќе! (ВИДЕО)

Трагедија која сака да ја заборави, но не може – српскиот пејач само еднаш во медиумите зборувал за тој црн ден и никогаш повеќе! (ВИДЕО)

Познатиот српски пејач Џенан Лончаревиќ веќе две децении успева да го сокрие приватниот живот од јавноста и ретко говори за работите кои не се поврзани со музиката и неговата работа.

Тој успеа да изгради кариера без никакви скандали, исклучиво само со својот талент и песни.

Сепак, во една прилика тој ја има отворено душата за медиумите и јавноста, раскажувајќи за семејната трагедија која му се случила во 2008-та година.

Имено тој го загубил својот роден брат, но дури и по трагедијата морало да пее.

-Ќе ви кажам еден детаљ кој некој луѓе во тоа време го протолкуваа погрешно. Една новогодишна ноќ мораше да пеам и да не го откажам настапот иако само 20 дена претходно ми почина мојот брат, морав да бидам среќен, насмеан и да излезам на бината за да не ја разочарам публиката, раскажува тој.

Тој додава дека по настапот сите велеле дека тоа било феноменален дочек на Новата година иако тој имал огромна и неиздржлива болка.

Инаку тој има и посветено песна за неговиот брат која се вика „Страв ми е да те сонувам“.

Најнови вести