Робертино Илиевски, син на пејачката Сузи Анѓелковиќ, кој што загина во сообраќајна несреќа откако со својот автомобил удрил дирекно во дрво во Власотинце, погребан е во селото Црнатово.
Младото момче Робертино Илиевски (24) од Македонија се забил во дрво со својот автомобил, а починал во болницата во Ниш.
Синот на пејачката бил донесен во болница со тешки повреди на главата и градниот кош, но имал и други повреди по телото. Реанимиран е дури 45 минути, но за жал поради тешките повреди тој починал во 23:45 часот.
-Беше млад, а како и секој млад човек имаше милион планови. Живееше малку тука, малку во Македонија, планираше така да биде и во иднина, раскажува неушешниот вујко.
-Робертино се занимаваше со фудбал, веќе подолго време настапуваше во еден клуб во Македонија, а едно време го носеше и дресот на Власотинце.
Како што открива неговиот вујко, Робертино се гледал со една девојка од Власотинце.
-Загина додека се брзал за да се видат. Мало невнимание што може да направи. Секунди беа во прашање.
Зоран открива дека кобната ноќ бил на местото на несреќата.
-Брзата помош стигна навреме, брзо го извлекоа. Луѓето дадоа се од себе, но не вредеше. Ударот бил толку силен што ништо неможеше да се направи.
Нашиот Робертино беше прекрасен, позитивен и насмеат, изјавил неговиот вујко за српските медиуми.