недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Оваа секси старлета живее луксузно, а е во долгови до гуша: Маја обвинета дека си го продава телото за пари (ФОТО)

Оваа секси старлета живее луксузно, а е во долгови до гуша: Маја обвинета дека си го продава телото за пари (ФОТО)

Поранешната учесничка во „Задруга“, Маја Маринковиќ е мета на негативни коментари поради експлицитни слики на Инстаграм.

Старлетата на социјалните мрежи постојано објавува разголени слики и снимки на кои ја гледаме во ексклузивни ресторани или луксузни одморалишта со базени, каде го покажува своето речиси без облека.

Сега таа ја „смени локацијата“ и облеката, па позираше во розов фустан со отворен грб, чие деколте е до задникот.

Поради најновата фотографија станаа гласни тврдењата дека Маја почнала да се занимава со проституција. Таа нема своја професија, а од „Задруга“ излезе со долг од 50.000 евра откако беше дисквалификувана поради насилство.

Така, низа нејзини следбеници на социјалните мрежи почнаа да пишуваат дека Маја е девојка за придружба или нуди сексуални услуги за пари бидејќи живее луксузен живот, а не заработува на друг начин.

Маја изминативе три години направи низа пластични операции и целосно го промени својот изглед.

„Ти си дефиниција за убавина и убав изглед“, „Слушам во градот дека и Макица се нуди за пари. Е Макице, Макице. Ако ништо друго, барем врати ја инвестицијата во себе“. „И вака никој не веруваше дека Таки те финансирал (затоа што реално сите знаат дека финансиски не стоиш така како што кажа), „Маки, грмиш, „Гориш“, се само дел од коментарите.

Најнови вести