среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Македонија е на европското дно според можност за напредoк на младите

Македонија е на европското дно според можност за напредoк на младите

Македонија е на европското дно според можност за напредoк на младите.  За жал, оваа информација не е ниту лоша прогноза, ниту политичка измислица на ВМРО-ДПМНЕ. Според истражувањето на Европскиот младински форум, достапно на нивната веб страница, можностите за напредок на младите во Македонија се рангирани на очајното 49-то место и со тоа на дното на Европа. Пред Македонија се рангирани сите земји од соседството вклучувајќи ги Албанија, Црна Гора, Србија и Бугарија, но и Еквадор, Грузија и Ерменија. Според овој извештај, Македонија најслабо е оценета за квалитетот на амбиентален воздух, има БДП ранк од 76 од 154 земји, намалени политички права и недоверба на младите во полицијата, како и младинска невработеност и млади надвор од образовниот процес, изјави денеска на прес-конференција Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Трагичните статистики покажуваат дека од Македонија се иселуваат високообразовани млади лица, во текот или по завршувањето на високото образование. Најбројни од оваа категорија се лекарите, инжинерите, информатичарите, уметниците. Затоа ги прашуваме Владата и институциите зошто младите се иселуваат доколку дојде животот во Македонија? Кој ги лажеше младите со празните флоскули, младинска гаранција, права на младите, слободи и човекови права?, праша Андоновски.

Со последните информации од Државниот завод за статистика за слаб раст на бруто домашниот производ од 0,1%, падот во градежништвото и капиталните инвестиции, како и најавата за зголемување на даноците, очекувањата на младите се се понегативни.

-Сепак ВМРО-ДПМНЕ ги повикува младите да не се обесхрабруваат, затоа што доаѓаат подобри времиња. Ние изработуваме програма која потекнува од потребите на младите луѓе. Оваа програма нуди решенија, а не празни политички флоскули. За зголемување на инвестициите и отворање на нови работни места, предвидуваме дополнителни даночни олеснувања за сите компании кои ќе вложат во својот развој. За спречување на одливот на млади и образовани кадри од нашата држава, ние секоја учебна година ќе дадеме директна понуда за вработување на 500 студенти. Наместо омаловажување на образовниот кадар, ние во текот на нашиот мандат ќе инвестираме во образована иднина и ќе обезбедиме покачување на примањата на просветните работници за 50%. Ние нудиме перспектива на младите да останат да работат и да успеат во Република Македонија. За нас секој млад човек е важен, заклучи Андоновски.

Најнови вести