среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Кејт Мидлтон се спушти по тобоган и ги насмеа сите (ВИДЕО)

Кејт Мидлтон се спушти по тобоган и ги насмеа сите (ВИДЕО)

Дека Кејт Мидлтон не е „вкочанета“ принцеза покажува и новото видео во кое таа се спушта по тобоган, и тоа со стил.

Во духот на тоа „онаму каде сум, морав да го сторам тоа“ – низ смеа рекла Кејт откако се спуштила на тобоганот.

За посета на Данска, британската принцеза Кејт ги избра најновите модни трендови, облечена во црвена твид јакна која важи за фаворит на пролетната сезона. Палтото целосно блескаше на неа во склад со црни панталони и бела блуза.

Имено, Кејт е во посета на Данска, поточно во Копенхаген, каде дошла да размени искуства за проектот поврзан со раниот детски развој, бидејќи минатата година ја основала Кралската фондација за рано детство.

Најнови вести