понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Љубов и секс

Топ 3 причини зошто мажите ги оставаат добрите жени: Една особено ќе ве изненади

Топ 3 причини зошто мажите ги оставаат добрите жени: Една особено ќе ве изненади

Во дел од врските раскинувањето е сосема очекувано и очигледно, но во некои доаѓа како „гром од ведро небо“.

Кога се работи за овие вторите, постојат 3 главни причини заради кои мажите бегаат од добрите врски со квалитетни жени.

Тој чувствува дека е под притисок

Дали постојано го „бркате“? Дали сакате повеќе љубов, внимание и секс отколку што ви дава? Дали постојано нешто „средувате и поправате“ во односот?

Ако се пронајдовте во некое од овие прашања, тогаш голема е веројатноста дека мажот, порано или подоцна, ќе почувствува притисок заради незадоволство. Повеќето мажи се во константна емотивна борба, па незадоволството на жената е нешто што не можат да го издржат. Затоа и бегаат од оние кои постојано бараат нешто повеќе.

Врската му изгледа како натпревар

Ако мажот мора да се бори за контролата во врската, тогаш тој смета дека нема доволно простор да ја покаже машкоста.

Ова не значи дека тој треба да има одврзани, а вие заврзани раце, но секоја страна треба да „води“ одредени сфери од животот. Не треба апсолутно сè да зависи од мажот, но не треба ниту сè да прави жената сама. Мажите сакаат да се чувствуваат корисно и потребно.

Не чувствува почит

Никогаш нема да можете да изградите сериозна врска со мажот кој не го почитувате.

Мажот сака тогаш кога е најслаб да добие поддршка – не осудување. Доколку не ја добие, подготвен е да ја напушти секоја врска.