недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Забрана за товарни возила преку Ѓавато и на патот Мавровска раскрсница – Дебар

Забрана за товарни возила преку Ѓавато и на патот Мавровска раскрсница – Дебар

АМСМ информира дека од синоќа 22:25 часот, се укинува забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот превој Стража.

Од 20:35 е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на преку планинскиот превој Ѓавато, поради врнежи од снег. Од 19:00 воведена е забрана за движење на ТМВ на правецот Мавровска раскрсница – Дебар, поради врнежи од снег.

Сообраќајот на државните патишта се одвивa по претежно влажни коловози, на повисоките места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат. Во поголемиот дел на државата има слаби врнежи од снег.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Најнови вести