Јован Дукмеџиев е талентираното дете кое македонската јавност го засака во улогата која ја игра во „Дајте музика“. Ова момче ги освои срцата на публиката од сите генерации.
Три години го гледаме како Јован кому музиката и другарството му се најважните работи во животот. Но, да ве потсетиме дека Јован уште како мало дете заслужи силни аплаузи и пофалби од сите страни.
На негова 8-годишна возраст, Јован на возрасните им одржа лекција по хуманост. Самоиницијативно, со својата гитара тој излезе на скопскиот плоштад за да собере пари за донација на девојче на кое тогаш му беше потребно лекување.
Јован љубовта кон музиката ја негува од мали нозе. Тој на детски фестивал испеа прекрасна песна во која ја истакнува љубовта кон Македонија и кон семејните вредности.
Фановите на Јован со големо нетрпение го очекуваат неговиот следен јавен настап. Ова мултиталентирано момче сигурно го чека голема кариера.