сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Поцкова: Собранието наместо да е дом на демократијата, тоа е место на покажување сила

Поцкова: Собранието наместо да е дом на демократијата, тоа е место на покажување сила

Јадранка Поцкова, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Собранието на Република Македонија кажа дека наместо Собранието да е дом на демократијата, тоа е дом каде што се покажува сила. Рече дека наместо одлуката да се разгледува на комисијата за избори и именувања, се крши процедурата и се наметнува волјата на позицијата на власт за да се смени односот на пратениците во комисијата.

– Со одлуката за разрешување на пратеникот Фадил Зендели од комисијата, власта докажува дека ги дели пратениците на подобни и неподобни. Оваа одлука е спротивна на Уставот, спротивна на многу точки од деловникот, на собраниските пракси. Секој пратеник има право на свое одлучување согласно своето убедување, а вие се сомневате во одлуките на пратениците. Секој има право на слободно изразување без никакво мешање.
Брзајќи да го комплетирате уставниот суд, носите вакви одлуки кои не се ништо друго, туку преседан. – рече Поцкова.

Поцкова потенцираше дека токму ова е тест на демократските капацитети на власта, а според досега покажаното воопшто и не е. Рече дека во изминатиот период се укажувало на тоа да се свика седницата на комисијата поради тоа што во 15 комисии од постоечките 21, треба да се дополнат со пратеници кои се влезени на местата на сега веќе избраните градоначалници по завршувањето на локалните избори.

Најнови вести