Актерот Андрија Милошевиќ пред неколку дена стана татко, а по тој повод синоќа приреди интимна прослава во ресторан во Белград.
Мајката Александра вчера ја напушти болницата со својот син. Детето го доби името Реља.
Актерот прослави со најблиските, а дел од атмосферата од прославата Сандра сподели на социјалната мрежа Инстаграм.
Имено, таа објави видео на кое се гледа како Андрија им се обраќа на гостите.
-Додека се раѓаат деца, за мене лично, иднината е убава – гласи дел од емотивниот говор на Андрија.