понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Напиток кој го намалува ризикот од мозочен удар за 56 проценти

Напиток кој го намалува ризикот од мозочен удар за 56 проценти

Секојдневното консумација на било кој вид на чај, а особено зелениот, може да помогне во здравјето на срцето и да го намали ризикот од мозочен удар и кардиоваскуларни болести за 56 проценти.

Ова се резултатите добиени од истражување кое е објавено во магазинот European Journal of Preventive Cardiology.

Најдобриот вид чај е зелениот чај, утврдиле научниците од кинеската академија за медицински науки, но секако секоја шолја топол чај ќе ви помогне.

-Вообичаената консумација на чај е поврзана со помал ризик од кардиоваскуларни болести и смрт од сите причини, истакна првиот автор на студиите доктор Синуан Ванг.

Тој појаснува дека поволните ефекти за здравјето се најсилни од зелениот чај за оние кои долгорочно го консумираат.

Во истражувањето биле вклучени 100.902 лица без анамнеза на срцев удар, мозочен удар или карцином. Поделени биле во две групи – луѓе кои пијат чај трипати или повеќе неделно и оние кои пијат помалку од тоа. Групите биле проучувани околу 7 години.

Утврдено е дека 50-годишните луѓе кои редовно пијат чај ќе развијат коронарна болест или мозочен удар 1,41 година подоцна и ќе живеат 1,26 години подолго од оние кои никогаш ии ретко пијат чај.