петок, 26. јануари 2024. Вести денес: 0
home Познати

„Тоа е рана која никогаш нема да зарасне“: Членовите на Амадеус бенд промоцијата ја поминаа плачејќи по починатиот колега

„Тоа е рана која никогаш нема да зарасне“: Членовите на Амадеус бенд промоцијата ја поминаа плачејќи по починатиот колега

Бендот Амадеус ја организираше промоцијата на новата песна во еден локал во Белград. На настанот не го заборавија својот колега тапанарот Бојан Златановиќ – Токан, кој почина како последица од коронавирусот.

-Му оддадовме почит, ќе го споменеме, ќе има солзи, емоции, изјави фронтменот на групата Бојан Тасиќ – Џаја.

Тој потоа откри колку им недостасува членот на бендот кој ги напушти пред две години.

-Тоа е рана која никогаш нема да зарасне, недостасува и ќе недостасува засекогаш, заклучи Тасиќ.

За време на промоцијата беше објавен и краток филм за Токан, тапанарот на бендот, кој почина пред две години, а целата вечер на промоцијата му беше посветена и беше организирана во негова чест.

Членовите на бендот не можеа да ги задржат солзите додека го гледаа филмот.

Најнови вести