Андријана Лима се појави на модната недела во Париз и за прв пат го покажа трудничкиот стомак.
Како што тврдат медиумите, претходните години таа правела естетски интервенции, а тоа дојде до израз во бременоста. На црвениот тепих убавата Лима прошета во црн тесен фустан, кој го надополни со впечатлив накит.
Како што се појавија фотографиите, така се појави и лавината од коментари.
Некои фанови беа безмилосни, па иако знаат дека таа е бремена, сите коментираат дека се здебелила до непрепознатливост.
Андријана e секако убавица, а со годините станува се поубава. Секоја жена е убава, особено во благословена состојба, па сите мора да знаат дека килограмите одамна не се мерило за убавина.