вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

КОСТОВСКИ ВО ИНТЕРВЈУ ЗА КУРИР: За брзо време ќе биде готов планот за започнување на изградба на поликлиника во Бутел, секоја депонија ќе ја направиме парк

КОСТОВСКИ ВО ИНТЕРВЈУ ЗА КУРИР: За брзо време ќе биде готов планот за започнување на изградба на поликлиника во Бутел, секоја депонија ќе ја направиме парк

Градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски во интервју за КУРИР вели дека за не цели два месеци ќе биде готов планот и целосната документација урбанистичка за да може да се започне да се гради поликлиника во општината која беше ветена во минатото и која ќе биде лоцирана веднаш до општината.

-Она што е поважно е дека општина Бутел ќе најде начин како сама да изгради нова поликлиника и јас сум убеден дека тоа ќе биде така. Во оваа прилика сакам да истакнам дека неминовен партнер треба да ни биде и Министерството за здравство бидејќи се преплетуваат ингеренциите околу изградбата, но јас сум убеден дека ниту еден министер или во моментов Беким Сали нема да одбие таква понуда од наша страна да изградиме нова поликлиника за граѓаните на општина Бутел.

Костовски во своето интервју вели дека во населбата Расадник веќе се гради и парк, а паркови ќе никнат и насекаде каде има слободен простор во општината.

-Првата фаза од изградбата на паркот во населбата Расадник е веќе при крај, а од понеделник ја почнуваме и втората фаза, тоа е сериозен парк со над 3.000 м2, во едниот дел ќе има и патека каде што ќе може да се прошетаат бутелчани. Не застануваме тука со паркови, секое ќоше и секое место кое претходно беше во депонија, сега ќе го претвориме во парк. Второто место каде ќе никне парк е карши црквата Св.Јован во Бутел 1, но и на повеќе места каде што имаме ветено ќе имаме изградено паркови, вели Костовски.

Тој додава и дека во овој момент постои отворен телефон на кои граѓаните можат да се јават и да остварат средба со него.

-Секој вторник јас цел ден прават средби со граѓаните на општина Бутел и она што ме нервира е кога ќе дојдат луѓето кои барале средба со претходниот градоначалник четири години и тоа не го добиле и се сега ми се заблагодаруваат за тоа што јас треба да го направам, не треба да ми се заблагодаруваат мене затоа што мене ми е работа да се гледам со нив. Имаме и отворен ден во урбанизмот, општината е максимално отворена, вели Костовски.

Целото интервју погледнете го во продолжение: 

Најнови вести