четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Италија не го заборава – на денешен ден почина капитенот на Фиорентина, неговата вдовица не се помирува дека треба да „живее“ понатаму (ФОТО)

Италија не го заборава – на денешен ден почина капитенот на Фиорентина, неговата вдовица не се помирува дека треба да „живее“ понатаму (ФОТО)

Денеска се навршуваат четири години од ненадејната смрт на фудбалерот на Фиорентина Давиде Астори.

Капитенот на клубот Астори тој март во 2018 година замина во сон од срцев удар, а зад себе ги остави сопругата Франческа Фиорети и ќерката.

По смртта манекенката која е со потекло од Неапол реши во чест на фановите и клубот да остане во Фиренца заедно со нејзината ќерка каде живее и денес.

Таа по смртта на фудбалерот во една своја изјава вели дека градот и жителите и ја давале целосната поддршка и мотив да останат во Фиренца каде што заедно живееја со сопругот Астори кој почина ненадејно.

Во меѓувреме таа ретко споделува фотографии на социјалните мрежи, но е свесна дека животот мора да продолжи понатаму поради нејзината ќеркичка.

Со капитенската лента на својата рака, Астори требаше да го поведе својот тим во 15 часот на мечот против Удинезе, но утрово во хотелската соба во Удине беше пронајде мртов, и тоа, според првичните информации, по срцев удар кој му се случил додека спиел.

-Не се појави на доручек, па го побаравме…“, раскажаа со неверување неговите соиграчи во една прилика, чиј меч веднаш беше откажан, како и целото коло во Серија А, вклучувајќи го и миланското дерби меѓу Милан и Интер.

Најнови вести