четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Тошковски: За случајот Шпански скали се закажуваат по пет рочишта во месецот, а за Рашковски едвај едно, тоа е селективноста и нееднаквоста

Тошковски: За случајот Шпански скали се закажуваат по пет рочишта во месецот, а за Рашковски едвај едно, тоа е селективноста и нееднаквоста

Во шпански скали конкретно без никакво вештачењето дека е сторен еден денар штета на буџет на Република Македонија или било кого луѓето беа ставено четири месеци во притвор, вели адвокатот Панче Тошковски, во гостување во емисијата Што не е јасно на телевизија Алфа.

Тошковски нагласи дека најголем проблем е селективната правда, бидејќи за едни се постапува на еден начин, за други на друг начин, додавајќи дека во случајот Шпански скали судот за два дена донесе решение за притвор на обвинетите, а се закажуваат по четири до пет рошишта во месецот, додека пак во случајот за поранешниот генерален секретар Драги Рашковски се закажува едно судско рочиште во месецот.

-Во експресен интервал временски во рок од два дена со пуштање на кривична пријава од страна на министерството за внатрешни работи, јавен обвинител изготвува предлог за отворање на кривична постапка, го доставува до судот. Судот ја започнува кривичната постапка и носи решение за притвор. Значи за два дена. Пазете колку експресно функционира правосудниот систем во државата, односно едноставно кажано кога некој има некаков си интерес судот постапува за два дена и луѓето ги става во притвор, а притоа нема никакво економска вештачење, истакна Тошковски.

Во шпански скали во притвор не се терористи, не станува збор за некои кривични дела кои што може да се повторат, или да загрозат безбедност, може да има негативно влијание врз јавниот интерес од енормни размери. Значи тука станува збор за нотар, за државни службеници кои што се професионалци и кои што работеле во министерство, но и сите тие биле под рамки на некое функционирање кое што претходно било окарактеризирано како режим и заради тоа тие два дена се во притвор, додаде тој.

-И сега во овие предмети темпото на работење во еден месец имаме четири до пет рочишта, а во предмети каде што нема таков притисок или нема таква потреба за да се заврши најбрзо што може како што е за Рашковски, се закажува едно рочиште во месец дена, едно рочиште на месец ипол. Проблем е нееднаквоста, бидејќи за едни се постапува на еден начин, за други се постапува на друг начин. Ужасен проблем е нееднаквоста. И за жал судот не ги штити правата на обвинетите во рамки на постапките кои што се спроведуваат еднакво за сите, потенцираше Тошковски.

Најнови вести