Синоќа во Хотелот „Сириус“ се одржа традиционалниот маскенбал на кој Андреј и Слободанка Туџарови се избрани за принц и принцеза на Струмичкиот карневал. Тие заедно со кралската свита вечер ќе ја предводат карневалската поворка по улиците на градот.
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов од СДСМ, заедно со сопругата Марија, на маскенбалот беа во маски на гроф и грофица.
Според него, најважно е што по пауза од две години заради пандемијата продолжува вековната традиција во полн сјај.