четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Читајте книги: Ви го подмладуваат мозокот и ве прават посреќни

Читајте книги: Ви го подмладуваат мозокот и ве прават посреќни

Студените есенски и зимски денови се одлична можност да поминете пријатни часови во топлината на домот, удобно сместени во вашата омилена фотелја, со добра книга пред себе.

Има повеќе добри причини зошто да се одлучите за книга, наместо за компјутер или телевизија.

Една од тие причини е неверојатното влијание на читањето врз човечкиот мозок. Испитувањата покажале дека читањето е одлична вежба за мозокот, го јакне и го одржува во добра форма.

Додека читате вашиот мозок се подмладува – тврдат експертите.

Кај возрасните лица кои во слободно време се посветуваат на креативни и интелектуални активности како што е читањето, губењето на когнитивните способности е успорено дури за 32% – покажува истражувањето на одделот за неуропсихологија од Универзитетот Rush.

Резултатите покажале дека иако телото старее, мозокот продолжува нормално да функционира, останувајќи значително помлад во однос на другите делови од човечкото тело.

Благодарение на читањето и влијанието на оваа добра активност врз мозокот, луѓето кои во позрели години читаат книги имаат речиси три пати помал ризик од Алцхајмерова болест, за разлика од оние кои не читаат.

Зошто читањето го подмладува мозокот?

Објаснувањето е едноставно – додека читаме, деловите од мозокот кои се поврзани со гледањето, асоцијативното учење и зборувањето меѓусебно се поврзуваат, а таквата врска делува како еден вид вежба на мозокот. Како што физичките вежби ги јакнат мускулите, така читањето го јакне и тренира нашиот мозок.

Покрај подмладувањето на мозокот, читањето е одличен борец против стресот. Истражувањето спроведено на Универзитетот Јорк покажало дека кај испитаниците кои читале книги по доживеана стресна ситуација стресот се намалил дури за 67%,  додека кај оние кои слушале музика тој процент бил далеку понизок.