Сто дена посветена работа резултираа со зголемување на довербата помеѓу општината како институција со жителите, како продукт на поголемата транспарентност во работата како и достапноста од моја страна за секој еден жител кој имал потреба да ми се обрати лично, рече Коста Маневски, градоначалник на општина Зелениково на денешниот регионален отчет „Промени што носат иднина – 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ“.
Маневски истакна дека тие како ново раководство на општината наместо да се фокусираат на нови проекти и промени, наидоа на куп нереди и неодговорно работење од страна на претходниот градоначалник од редовите на СДСМ.
-Очекувањата и реалноста за жал не секогаш се совпаѓаат. Како ново раководство наместо да се фокусираме на нови проекти, на подобрувања и промени, нас не успоруваа нередот и неодговорното работење од страна на претходниот градоначалник во Општина Зелениково кој и покрај неговите тврдења дека ја остава незадолжена општината ни остави еден куп долгови. Во изминатиот период утврдивме дека:
-Со склучен договор за набавка на возило-скип по пат на финансиски лизинг направено е долгорочно задолжување на општината во износ од 5.629.335,00 ден Останува за исплата повеќе од половина
-Детските игралишта кои се градени за време на изборен циклус за локални избори а чиј договор е склучен практично пред изборите, во август 2021, чинат 3.182.000,00 ден и за истите општината немаше ни денар платено. Важно е да се знае дека детските игралишта се поставени на неадекватни и небезбедни локации. Во иднина тоа нема да биде пракса на општината.
– Општината по пат на кредитно задолжување врз основа на договор склучен со Министерството за финансии за реконструкција на локален пат С.Зелениково-С.Страхојадица, е задолжена со износ од 12.208.000,00 ден на кој износ дополнително се пресметуваат полугодишни камати.
-Склучен е договор за изведување на работи за регулација и уредување на дел од речното корито на Зелениковска река и тоа во износ од 3.057.000,00 ден. Истата таа сума останува за исплата.
– И покрај тоа што во договорот за реконструкција на локални улици предвидена е исплата на ДДВ, од страна на претходното раководство прифатени и исплатени се времени ситуации без пресметан ДДВ, кој изнесува 699.000,00 денари. Од ЈКП Зелениково имаме затекнат долг во вкупен износ од 41.000. 000,00 денари, утврди Маневски.
Но, Маневски истакна дека сите тие нереди од претходното раководство, не го спречија тој да се посвети на жителите на општина Зелениково и макотрпно да работи за подобар живот на жителите.
-Во почетокот од мандатот започнавме со ревидирање на сите започнати проекти, се заложивме кон нивно довршување а исто така започнавме неколку нови проекти.
Па така:
- Во завршна фаза е изведба на работи за Реконструкција на локален пат С. Зелениково-С.Страхојадица
2. Во финална фаза е и реконструкција и реновирањето на Зелен Пазар, моментално се подготвува и нова локација за пазарот.
3.Во првата недела од мојот мандат изготвена е проектна документација за изградба на нова детска градинка со јасли и за истата е поднесена апликација во Министерството за Труд и Социјална политика за обезбедување на средства. - Обезбедени се средства за Реконструкција на крак 1 од улица 10 во Село Зелениково.
6. Во тек е постапка за набавка на ново специјализирано возило за собирање и транспорт на комунален отпад за потребите на ЈКП Зелениково.
7. Помеѓу првите проекти кои ги започнав е и изноѓање на решение за водоснабдување во Градовци. Градовци е село со големо значење за Зелениково. Ангажирана беше фирма и извршени се хидрогеолошки испитувања на подземни води во с.Градовци. Откако добивме позитивен одговор за присуство на подземни извори на вода веднаш пристапивме кон изработка на проектна документација за бушотина за вода, резервоар и главен цевковод за водоснабдување на с. Градовци.
9. За реконструкција на патот с.Орешани-С.Зелениково обезбедена е потребната документација за отпочнување со работа.
10. Во рамки на Кампањата против загадување и унапредување на еколошката свест, расчистени се неколку диви депонии на територија на Општина Зелениково. Расчистени се и неколку локации во Зелениково, вклучувајќи ги дворните простори на училиштата, пешачките тротоари и просторот покрај нив, искастрена е нискостеблестата вегетација покрај патот кој ги поврзува Зелениково и Ново Село
11. Извршено е расчистување и продлабочување на одводните канали на териториј на општината, кои во услови на обилни и поројни дождови претставуваат критични точки за појава на поплава.
10. Тампониран е дел од патот за с.Тисовица.
12. Во фаза на реконструкција е рекреативниот парк пред општинската зграда.
14. Во завршна фаза е изведба на работите за регулација на дел од речно корито на Зелениковска река.
15.Во фаза на изработка е проектна документација за реконструкција на објектот каде се наоѓа здравствениот дом и аптеката.
16.Важно е и да напоменеме дека се забрзани постапките за добивање решенија за легализација. Услужувањето на жителите е на прво место и приоритет пред се, истакна Маневски.
Градоначалникот на Општина Зелениково од редовите на ВМРО-ДПМНЕ исто така наброи и неколку проекти кои се планирани да се реализираат во текот на оваа година.
-Во тек на 2022 година дел од проектите кои што планираме да ги завршиме се следниве:
1.Преку ИПА проектот за прекугранична соработка со Србија ќе се набават контејнери за потребите на општината.
2. Ќе се работи и на комуналната инфраструктура, со ново проектиран цевковод од шахтен приклучок до населено место Смесница.
3. Преку Министерство за животна средина и просторно планирање се обезбедени средства за Реконструкција на фекална канализација и изведба на колектори во Страхојадица.
4. Училишната зграда на ПОУ Марко Цепенков во Орешани исто така ќе биде реконструирана.
5. Се планира поставување на соодветна сообраќајна сигнализација заради поголема безбедност на учесниците во сообраќајот.
6. Во текот на 2022 година ќе се отпочнат работи за реконструкција на локалниот пат Орешани-С.Зелениково во должина од 2 км.
7. Ќе се изврши реконструкција на крак 1 од улица 10 во Село Зелениково.
9. Ќе се направи бушотина за вода, резервоар и главен цевковод за водоснабдување на с. Градовци, порача Маневски.
Тој исто така напомена дека во тек се подготовки и на многу други проектни документации, изготвување на планови за активности и работи кои треба да се спроведат со цел привлекување на домашни и странски инвестиции.