понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Крушево блокирано од снежната покривка

Крушево блокирано од снежната покривка

Крушево е блокирано‼️ Градоначалникот Томе Христоски и до 13 : 00 часот, не успеа да си го исчисти градот.Сликите се од главната улица во Крушево, од влезот на градот и само една слика е од споредните улици.На сликата од споредна улица јасно се гледа дека граѓаните се затрупани во снег, а службите неделно си спијат.На главната улица е тотален хаос и застој на возила.Туристите, сами со лопати се мачат да излезат од неисчистените улици и се жалаат на неспособната локална крушевска самоуправа.Сите градоначалници во државава се на терен со сите можни ресурси и тоа на 10см снег, а нашиов прототип од градоначалник и на 60см спие.Граѓаните се во безизлезна ситуација и бараат одговорност од неодговорниот Томе! се вели во Фејсбук статусот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Крушево.

P.s Да, Крушево е најубава снежна бајка, но ние не живееме во бајка, а реалноста е дека градот е во нефункционална состојба‼️ Порачаа од таму.

Од општинскиот комитет на партијата додадоа дека, додека директорката на Комуналното претпријатие ужива на шетање во Белград, граѓаните се бесни.Праќаат слики и бараат помош.Очигледно тој што го менаџира сега комуналното е од друга културна бранша и не се снаоѓа многу добро.Затоа, Томе Христоски засукај ги ракавите и почни да го чистиш градов!

Ова се најновите испратени фотографии од тоа како властите во Крушево го чистат снегот.Замислете, газдите на ова возило, да мораат хитно да одат на болница…
Страшно, ужасно и неодговорно !!!  Се вели во најновиот статус на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Крушево.