четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Забрана за товарни возила на патот Маврово-Дебар

Забрана за товарни возила на патот Маврово-Дебар

Забрана за тешки товарни возила има на патниот правец крак Маврово- Дебар.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на повисоките места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Најнови вести