четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Симов: Проблеми има со ограничувањето на маржите и акцизата на горивата

Симов: Проблеми има со ограничувањето на маржите и акцизата на горивата

Во вечерашната емисија „Топ Тема“ на Телма телевизија гостуваше Орце Симов, потпретседател на Сојузот на стопанските комори на Македонија во однос на згоелмените цени на производите истакна дека дополнително проблеми имаат и со ограничувањето на маржите но и дека очекуваат дополнителна поддршка од Владата за справување со енергетската криза.

-Нашите членки имаат проблеми со ограничените маржи, тие проблеми се истакнати во владата, еден од поголемите проблеми е тоа што ограниченирте маржи на производите кои што имаат помала вредност не е доволно да се покријат трошоците околу производство и продажба на тие маржи така што нашите членки доставија дополнителни барања на тие проблеми кои што очекуваме да се решат, истакна Симов

Симов ги прокоментира и евентуалните мерки и кажа дека енергетската криза и зголемувањето на цените на енергенсите дополнително ќе ја продлабочат кризата.

-Во последните години имаме значително зголемување на акцизата и сега доколку владата може најмалку да ја намали акцизата за 30 проценти а 15,4 денари е акцизата на нафтата, тоа би биле 4,5 денари, акцизата би била 11 денари и малопродажната цена на литар нафта од 85 ,5 ќе се намали за 4,5 денари тоа е 81 денар што пак е речеси 8 проценти повисока од тоа што била во минатото, нагласи Симов.

Најнови вести