Ѕвездата на култниот серијал „Џејмс Бонд“, Даниел Крег, неодамна ги сподели своите размислувања за крајно неочекуваниот крај на најновиот No Time to Die („Не е време за умирање“).
No Time to Die означи крај на ерата на Даниел Крег како Џејмс Бонд. Во неговото испраќање, Бонд на Крег не успева да излезе жив по лансирањето на проектил, а неговата штотуку откриена ќерка преживува.
Во разговор со „Вараети“, Крег го сподели своето мислење за трагичниот крај на филмот.
„Ако заабалежувате, на самиот крај на филмот, пишува ‘Џејмс Бонд ќе се врати’, така што сè е добро. Мислам дека најважното беше што сите се обидувавме да создадеме ситуација на трагедија. Идејата дека постои несовладлив проблем, дека во игра е поголема сила и дека никој ништо не може да направи за тоа. А поголемата сила е оружјето на Савин. И дека тоа го убива единственото нешто што Бонд го сака во животот – да биде со луѓето што ги сака, а не може да биде со нив – и затоа, не му останува ништо за што вреди да живее. И тој всушност би ги загрозил нивните животи, а тоа е последното нешто што сака да се случи“.
„Тој елемент беше неверојатно важен да оди до крај, бидејќи не можеше да биде случаен чин. Мораше да има тежина – без неа, немаше да биде добро. Ќе баравме друг начин да ставиме крај“.
Крег се присети на еден разговор со продуцентката.
“Ја прашав на Барбара колку вакви филмови треба да снимам, таа одговори четири“.
„В ред. Може ли да го убијам во последниот? ја прашав. Таа се согласи. И така, се договоривме дека трагичен крај е единствениот начин на кој можев да го завршам мојот мандат. Потоа ќе дојде некој друг да продолжи.“