четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ВОЗАЧИТЕ: Доколку возите кон ова место, вратете се – патот e непрооден поради снежна покривка

ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ВОЗАЧИТЕ: Доколку возите кон ова место, вратете се – патот e непрооден поради снежна покривка

Непрооден за сите видови моторни возила, поради снежна покривка, од 7 часот денеска е Регионалниот пат R-2248 од село Ранковце до село Герман, на потегот од село П’ клиште до село Герман,Општина Ранковце.

Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

На патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци на 10 км пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно возење.