недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Непрооден пат во Општина Ранковце за сите возила поради снег

Непрооден пат во Општина Ранковце за сите возила поради снег

Oд 07:00 часот на ден 10.03.2022 година, Регионалниот пат R-2248 село Ранковце – село Герман , на потегот од с. П’ клиште до село Герман, Општина Ранковце е непрооден за сите видови на моторни возила, поради снежна покривка.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Најнови вести