вторник, 6. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Славески: Моделот за намалување на акцизите на нафтените деривати кој го предлага Владата не нуди предвидливост и значително намалување на цената

Славески: Моделот за намалување на акцизите на нафтените деривати кој го предлага Владата не нуди предвидливост и значително намалување на цената

Moделот за намалување на акцизите кои што ги предлага Владата не гарантираат значајно намалување на цените на нафтените деривати, вели професорот и член на Извшниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески.

– Јас тоа го изјавив и порано, но еве ќе повторам. Тој модел, посебно за намалување на акцизата не гарантира значително намалување и предвидливо намалување на цената на нафтените деривати. Единствено нас, како граѓани, не спасува тоа да се стабилизираат условите, да се намалат последиците врз цените од овие кризни состојби, затоа што гледаме и тоа нешто што го прави владата, го прави со задоцнување. Затоа да се надеваме дека ова нема предолго да трае, истакна Славески.

Во неговото гостување на телевизија Шења, Славески истакна дека зголемувањето на приходите во македонскиот буџет, за што и владата се пофали, се должи на покачувањето на цените на производите, меѓу кои се маслото за јадење, нафтените деривати и така натаму, што значи на поскапи производи стапката на ДДВ е повисока. Но од друга страна, власта место да штеди, втората половина од минатата година која сеуште е кризна година, ги зголеми расходите, односно ги зголемила непродуктивните трошоци за стоки и услуги.

– Има интересна состојба во последните два квартали, тоа е втората половина од минатата година. Има зголемување на приходите, по основ на даноци, пред се данокот на додадена вредност и посебно во последното тромесечие има значително зголемување на на некои расходни страни, како што се стоки и услуги. И ние тоа го објаснуваме на следниов начин. Најголем дела од зголемувањата на приходите се должи заради зголемените цени. Знаете, ако литар масло чинеше 60 денари истата даночна стапка од пет проценти помалку данок, ако е 100 денари данокот е повеќе и така на сите производи и растот на цената на дериватите, доаѓаат значителни средства во биџетот и тоа и овозможи комоција на владата да трошат за тенедери, исплати, партиски вработувања и слично, тоа се непродуктивни трошоци, посочи Славески.

Тој додаде дека со таквото нерационално трошење на народните пари, во услови кога требаше да се штеди, се стеснува просторот за интервенција со пари од буџетот за кризи како оваа што сега се најде Македонија, каде што државата треба да интервенира во разни сектори и категории на граѓани за зачувување на зивотниот стандард и за спас на компаниите, и сега се надеваат на задолжувања во странство со што ќе се зголемува и јавниот долг.

– Со тоа не се создава простор за да може да се реагира кога ќе дојдат вакви ситуации каде треба навистина на многу страни да се дава поддршка и за електричната енергија, и за топлинската енергија во Скопје. Во ваков случај, немаат многу простор во буџетот и се надеваат на некакво задолжување во странство што го зголемува јавниот долг и ги оптоварува идните генерации, рече Славески.

Најнови вести