Холивудската актерка Меган Фокс оваа недела беше забележана на улиците на Лос Анџелес во малку необична модна комбинација.
Имено, триесет и петгодишната актерка ја покажа својата сензационална фигура во тесна комбинација на облека од цветни дезени во нежни земјени тонови.
Таа со својата модна комбинација се пофали и на своите фанови на социјалната мрежа Инстаграм, а потоа се пошегува на своја сметка.
View this post on Instagram
Својата гардероба ја спореди со креветот на нејзината баба.
„Сечија баба ја има таа една гарнитура“ – напишала актерката на социјалната мрежа и ги насмеала сите.