вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ОВА Е ВЕСТА НА ДЕНОТ: Малата Ина со насмевка ве поздравува, операцијата помина успешно

ОВА Е ВЕСТА НА ДЕНОТ: Малата Ина со насмевка ве поздравува, операцијата помина успешно

Родителите на шестгодишната Ина се огласија со прекрасни вести. Малото девојче на кое му беше дијагностицирано тумор на мозокот кој и предивикувал епилептични напади, е успешно оперирано.

Хуманите граѓани му помогнаа на семејството да го собере потребниот износ и да ги покрие трошоците за операцијата во Турција.

-Сакаме да споделиме една убава вест со сите кои помогнавте за малата Ина. Операцијата беше успешна, се помина во најдобар ред, Ина е супер – закрепнуваме. Уште еднаш од срце да ви се заблагодарам на сите што на било каков начин ни помогнавте. Господ е голем, ќе ви врати на сите, порака на Фејсбук таткото Ивица.

На Ина и посакуваме добро здравје, побрзо да запрепне и секогаш да ја има насмевката на лицето.

Најнови вести