сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Тие се доказ дека љубовта од реално шоу е можна: Ивана му кажа ДА на Бане Чолак

Тие се доказ дека љубовта од реално шоу е можна: Ивана му кажа ДА на Бане Чолак

Диџејот и водител Бане Чолак синоќа ја запроси својата девојка, пејачката Ивана Круниќ. Пошироката јавност ги запозна Бане и Ивана како пар во реалното шоу „Задруга“, каде ја започнаа својата љубовна врска.

Бане и Ивана се верија, а тој даде изјава за ПИНК.РС.

-Впечатоците се најубави. Од моментот кога стапив во врска со Ивана знаев дека таа е жената на мојот живот, па ова некако си дојде природно. Ние двајца живееме заедно скоро две години, па како да сме веќе во брак. Таа очекуваше дека тоа ќе се случи некогаш, но не ни претпоставуваше дека тоа ќе се случи баш во овој момент. Од нејзината реакција би заклучил дека беше навистина изненадена и среќна, изјавил Бане.

„Имавме многу пречки и некои луѓе околу нас кои се обидуваа да не разделат, но тука сме, ние сме доказ дека љубовта од реално шоу може да биде вистинска“.

Најнови вести