Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ во текот на изминатата недела, со цел непрекинато и квалитетно водоснабдување за скопјани, покрај тоа што ги извршуваа редовните теренски проверки и работни активности, интервенираа и на неколку локации во градот.
Секторот Водовод на ова јавно претпријатие отстрануваше дефекти на следните локации: улица „Ресенска“ 10, улица „Овчеполска“ 101, во Сарај на улица 4 бб, улица „Војдан Чернодрински“ 25, улица „Скупи“ кај Хубо, улица „Видое Смилевски Бато“ 41/67, улица „Македонско-косовска бригада“ 42/17, улица 2 бб Студеничани, во Кондово улица 1 бб, улица „Божин Николов“ 37 и улица „Кумбара“ 32.
ЈП „Водовод и канализација“ продолжува посветено да работи на одржување на водоводната и канализационата мрежа во град Скопје, со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.