недела, 3. март 2024. Вести денес: 0
home Општини

Коњановски: Продолжуваме со чистење на дивите депонии во Битола

Коњановски: Продолжуваме со чистење на дивите депонии во Битола

Во текот на денот, беше спроведена нова акција за чистење на дивите депонии во Битола. По детектираните критични точки со габаритен смет од страна на локалната самоуправа и од пријавите на граѓаните, јавните претпријатија ја чистеа месноста наречена Кркардаш. Локалната самоуправа, како еден од најголемите приоритети во своето работење, го предвиде и чистењето на дивите депонии, кои за жал ја загадуваат животната средина, не само на територијата на градот, туку и во околните места, кои граѓаните ги користат како рекреативни катчиња, стои во Фејсбук објавата на официјалната страница на општина Битола.

Во статусот се додава дека координираните акции на градоначалникот и локалната самоуправа, во соработка со јавните претпријатија, продолжуваат континуирано, со цел да се расчистат веќе постоечките и да се превенира појавата на нови депонии.