сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Водостоите на реките пониски од просекот

Водостоите на реките пониски од просекот

Водостоите на реките во земјава се пониски од просечните за овој период од годинава, а кај дел од нив се бележи дополнително намалување на нивото во споредба со вчерашното.

Според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостоите на трите природни езера во земјава се исти како вчера.

При тоа нивоата на Охридското и на Преспанското Езеро се пониски од просекот за март и тоа за седум сантиметри кај Охридското и за 1,69 метри кај Преспанското Езеро. Со тоа Преспанското Езеро е на четири сантиметри над апсолутниот минимум од 842,25 (мнм). За разлика од нив, водостојот на Дојранското Езеро е за 2,81 метар повисок од повеќегодишниот просек за март. (МИА)

Најнови вести