вторник, 26. март 2024. Вести денес: 0
home Живот и стил

Денеска е Преподобен Герасим Јордански

Денеска е Преподобен Герасим Јордански

Герасим беше родум од Либија. Уште како млад го остави светот и го започна својот подвиг во Тиваидската пустина. Подоцна го посети Ерусалим и се насели крај реката Јордан.

Околу него се собраа многу подвижници, па така се оформи неговиот манастир. Манастирот го одликуваше строгиот типик, а за строгоста на подвижничкиот живот пример даваше самиот Герасим.

Тој долго поживеа, хранејќи се со непресушната божествена светлина, и се упокои во длабока старост во 475 година.