Актерската двојка Андрија Милошевиќ и Александра Томиќ на 25-ти февруари станаа родители на момче.
Пред камерите на емисијата „Премиера“ актерот откри како се навикнал на најубавата улога во животот, улогата на татко.
-Одлично ми оди, бев подготвен за тоа. Нема што, јас имам 43 години. Се чувствувам одлично. Спиеш нормално, колку што можеш во моментот, но тоа не ми е товар. Ниту пак ми промени нешто. Јас не се плашам, искрено изјави актерот.
Андрија го прослави раѓањето на синот со најблиските членови на семејството и пријателите во еден белградски ресторан.
-Имаме таков однос кон животот, што славиме секој ден. Ова беше најубавиот повод, фантастичен повод и беше прекрасно, рече Милошевиќ.