Општина Демир Хисар во соработка со ЈКП „Комуналец“, спроведе активност за расчистување на диви депонии кај местото „Застава“, Демир Хисар.
-Грижата за животната средина е наша обврска и должност, затоа апелираме до сите совесно и одговорно да се однесуваме кон неа и да ја унапредуваме, да биде врежана во личната индивидуална свест со цел да ја зачуваме животната средина, истакна Никола Најдовски, градоначалник на општина Демир Хисар.