Внимавајте, бидејќи во време на строги пости и мрсното се продава како посно.
Во маркетите се продаваат „посни“ производи што содржат казеин и сурутка во прав, а потрошувачите не знаат дека овие две компоненти имаат животинско потекло и дека се, практично, измамени.
За време на пости под ознака „посно“ на рафтовите се нуди храна што содржи млеко, желатин од животинско потекло, свинска маст и други мрсни состојки.
За посни производи се сметаат тие во кои млечните масти се заменети со растителни, но токму тука е манипулацијата.
Сурутката е исклучително здрава, има висока хранлива вредност, ја забрзува дигестијата, ама е со животинско потекло.
Потрошувачите треба повеќе да внимаваат при купувањето и секогаш да ги читаат декларациите.