вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Чилиманов: Власта ја подразбира слободата на медиумите со поднесување на кривични пријави против медиумите

Чилиманов: Власта ја подразбира слободата на медиумите со поднесување на кривични пријави против медиумите

Новинарот Цветин Чилиманов во неговото гостување во емисијата “Блиц“ вели дека дошол животот во медиумите. Според него оние како луѓе кои протестираа за слобода на медиумите и се бореа за правата на новинарите се видело како ги подразбираат тие работи со систематско поднесување кривични пријави против телевизиите кои се критични против владата се со цел целосно замолчување.

 -СЈО и јавното обвинителство ги таргетираат сопствениците на медиумите нивните семејства нивните уредници за произволни тужби се со цел да се реши спорот со името. Никој не смее да го спречи ова што се случува и со таа цел се прави масовен прогон на медиумите. Добар дел од нив се поткупувани. Гледаме со проекти од амбасади патувања во странство, рече Чилиманов. 

Тој се се осврна и на вработувањата во државната администрација на дел од шарените револуционери. Според него дел од шарените револуцинери кои не се вработени или платени за дел од тоа што протестираа и ги фарбаа државните институции во овој момент тие се чуствуваат глупаво.

За крај тој додава дека сега може само да се ужива во иронијата на целата оваа работа.  

Најнови вести