недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

„Нема потреба да се мразиме“: Ана Кокиќ ја откри ВИСТИНАТА за врската со поранешниот сопруг Никола

„Нема потреба да се мразиме“: Ана Кокиќ ја откри ВИСТИНАТА за врската со поранешниот сопруг Никола

Ана Кокиќ ја објави новата песна „Слатки лаги“ која деновиве наголемо ја промовира низ локалните клубови.

Таа пред настапот во Белград за медиумите откри дали сака мажите да ја лажат, каков однос има со поранешниот сопруг Никола и какви непријатности доживува на настапите.

Ана Кокиќ ја коментираше и песната што ќе ја претставува Србија на Евровизија.

-Многу ми се допаѓа песната на Констракта. Мислам дека ќе биде химна на сите нас пејачите, им посакувам многу среќа. Прогнозата на моите деца е дека ќе победат, изјави Ана.

Таа ја коментираше и врската со поранешниот сопруг Никола Раѓен.

-Јас и Никола сме во одлични односи. Нашиот однос како поранешни сопружници и како родители мора да се раздвои. Се почитуваме пред се поради децата, нема потреба да се мразиме, имавме убав период, сега е вака најдобро, изјави Ана Кокиќ.

Најнови вести