понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Кејт и Вилијам во посета на Карибите: Војвотката во досега невидено издание- цветна комбинација која дефинитивно ќе ве разигра (ФОТО)

Кејт и Вилијам во посета на Карибите: Војвотката во досега невидено издание- цветна комбинација која дефинитивно ќе ве разигра (ФОТО)

Војводата и војвотката од Кембриџ ја посетија фарма на какао на вториот ден од нивната турнеја по Карибите, каде парот ја искористи можноста да ги покаже своите танцови движења на општо задоволство на собраните во Белизе.

Вилијам и Кејт го започнаа вториот ден од својата турнеја во крајбрежниот град Хопкинс, препуштајќи се на љубовта кон музиката и чоколадото. Патувањето, кое беше преземено по наредба на бабата на Вилијам, кралицата Елизабета, имаше за цел зајакнување на врските на Велика Британија со земјите од Комонвелтот додека кралицата одбележува 70 години на тронот.

По прошетката низ селото, војвотката со ентузијазам ги прифатила традиционалните подароци во вид на ѕвечарки, а потоа освоила импровизирана подиум за танцување. Нејзе и се придружија децата од локалното училиште во живописното приморско село Хопкинс, а нејзиниот сопруг ја гледаше како го краде шоуто пред да биде во искушение да се приклучи на шоуто.

Војвотката носела син лелеав цветен фустан сличен на оние што ги носет и локалните девојки и жени. Масивните сини обетки ја надополнија нејзината егзотична комбинација и ја покажаа војвотката во малку поинаков стајлинг од оној на кој сме навикнати.

Таа била многу среќна кога видела дека Вилијам се релаксира и замавнува со колковите на радост на сите деца кои ги следеа нивните танцови движења. Со текот на годините, Кејт со својот шарм воодушеви многу луѓе, кои ги запознала на вакви турнеи, кои и биле особено важни поради можноста преку лично искуство да ја запознае културата на различни народи.

Најнови вести