вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

МОН: Објавен конкурс за издавање на учебници за основно образование

МОН: Објавен конкурс за издавање на учебници за основно образование

Министерството за образование и наука (МОН) информира дека во рамки на процесот на унапредување на наставните содржини и модернизација на наставата во основното образование, денеска е објавен конкурс за издавање на учебници по предмети од прво, второ, четврто и петто одделение во деветогодишното основно образование, за кои се изработени нови наставни програми.

Право на учество имаат сите автори кои ги исполнуваат условите пропишани со членот 10 од Законот за учебници за основно и средно образование. Притоа, на конкурсот може да учествува автор на учебник само со еден ракопис за учебник за еден наставен предмет и истиот треба да биде изработен според наставниот план и програма за соодветното одделение и согласно Концепцијата за учебник за основно и средно образование.

Крајниот рок за доставување на ракописите за учебници е 11 мај оваа година.

Повеќе детали околу сите дополнителни услови, критериуми, потребната документација и начинот на достава може да се обезбедат на следниот линк.

– Печатената верзија на учебниците, согласно постоечкиот Закон за учебници во основното и средното образование е неопходна во наставата, но тоа не ја исклучува и важноста на дигиталната форма. МОН се заложува секој ученик да има достапност до форматот на учебници кој ќе му овозможи најголема ефективност во процесот на стекнување на знаења, се наведува во соопштението на МОН.

Најнови вести