Во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно?“ на Телевизија Алфа, гостуваше градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, каде во однос на промените откако Ковачевски е на чело на извршната власт тој истакна дека моментално конкретни промени нема, а желби за промени има.
„Да има конкретни промени во општеството со доаѓањето на Ковачевски на местото на Заев, моментално нема а желби за промени дефинитивно има. Ставовите на опозицијата мора да се почитуваат и респектираат во секое развиено демократско општество бидејќи опозицијата е коректор на власта“, рече Димитриевски.
Димитриевски кажа дека сопартијците ја узурпираа партијата со нивното владеење и направија своевиден вид на акционерско друштво во партијата коешто функционира по принципот на должничко доверителни односи и го затворија кругот во партијата.
„Тие ги применија и истите практики коишто и претходно ги критикувавме и токму затоа сум разочаран во одредени постапки на одредени поединци коишто се уште се наоѓаат во извршната власт“, изјави Димитриевски.